Медиасет.мк

#КИНО

ВИДЕО: Бред Пит како епидемиолог

Познатиот актер Бред Пит во емисијата „Сатрдеј најт лајв“ се маскира како доктор Ентони Фаучи, советникот во Белата куќа за борба против пандемијата на коронавирусот, откако самиот Фаучи изјави дека би сакал Бред Пит да го глуми.

Д-р Фаучи стана еден од најомилените Американци по почнувањето на пандемијата на коронавирусот.

Актерот ги анализирал и исмевал изјавите на американскиот претседател, Доналд Трамп, кои ја разбрануваа американската и светската јавност.

Поточно, минатата недела Трамп предложи заболените од Ковид-19 да се лекуваат со инјектирање средства за дезинфекција предизвикувајќи јавен бес и осуда од Светската здравствена заедница, а по таа изјава, во САД се забележани голем број лица што барале лекарска помош поради труење.

„Кога претседателот вели дека секој може да биде тестиран, тоа всушност значи – никој“, вели Бред Пит во улогата на д-р Ентони Фаучи.

Тој се осврна и на изјавата на Трамп дека вирусот еден ден по некое чудо ќе исчезне.

„Чудо би било супер, кој не сака чуда. Но, чудото не треба да биде план А“, рече актерот.

Што се однесува до изјавата за лекување на коронавирусот со средства за дезинфекција, Бред ги покрил очите со дланката велејќи:

„Знам дека не треба да го допирам лицето. Сега можам да очекувам отказ“.

На крајот од видеото тој ја симнал периката и им се заблагодарил на Фаучи и на сите лекари што вложуваат големи напори во борбата против коронавирусот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: