Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) Бред Пит објави крај на кариерата: „Во последното тримесечје сум“

Уште една спектакуларна холивудска кариера се чини дека е при крај. Бред Пит (58) во разговор за медиумите најави дека филмот „Bullet Train“ во кој ја имаше главната улога многу лесно може да биде неговиот последен голем проект.

Тој стана, како што вели, многу пребирлив кога се во прашање понудите, а тоа што го добил досега не ги задоволува неговите критериуми.

„Мислам дека сум во последниот семестар или квартал“, откри Пит.

Во филмот „Bullet Train“ тој глуми убиец кој штотуку се опоравил и се враќа на својата работа со малку погрешно чувство на самодоверба во однос на работната способност.

„Знаете, правите еден месец терапија, доживувате просветлување и мислите дека сте сфатиле се, дека никогаш повеќе нема да бидете изгубени“, накратко рекол Пит за тоа каков е неговиот херој.

Трендинг

На почеток
error: