#ФОКУС
ВИДЕО: Брегот на Маурициус продолжува да се трупа со мртви делфини
Бројот на делфини што починале на плажа во Маурициус се искачи на 38, соопштија тамошните власти.
„Можам да потврдам дека досега се пронајдени мртви тела на 38 делфини“, изјави Јасвин Сок Ападу од Министерството за риболов.
Како што е познато, оваа недела мртви делфини беа пронајдени во Маурициус во близина на местото на излевањето на нафта од јапонскиот танкер , што се преполови минатиот месец. Јапонскиот танкер МВ Вакашио, кој се насука на 25 јули испушти десетици тони нафта во Индискиот океан пред да се распадне.
Сепак, прелиминарните резултати од обдукцијата покажале дека животните немаат траги на јаглеводороди ниту во респираторниот систем, ниту во кожата, грлото или желудникот , што значи дека не биле затруени со нафта. Причината за поморот на делфините сеуште се истражува.