Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: „Дајте музика“ и „Нокаут“ порачуваат „Музика под итно“

Песната „Музика под итно“, која момците од „Нокаут“ заедно со екипата од „Дајте музика“ ја претставија во една од епизодите од оваа ТВ емисија, доби видео приказна.

Ова видео е полно со позитива, а го објавија денес, на 10 јуни, со цел да го поздрават последниот училиштен ден.

„Голема благодарност до сите наши фанови кои нѐ следевте, ни пишувавте, нѐ поддржувавте и нѐ охрабрувавте во оваа наша навидум невозможна мисија да врвиме напред: со извалкани патики, искинати панталони, исфлекани маици, калливи раце, многу искарани од продуцентите, но секогаш со полни срца љубов! Ве гушкаме сите! Имајте убав распуст, почитувајте ги мерките и препораките за заштита и останете во добро здравје #Чувајте се. И се гледаме наскоро со нови и интересни содржини!“, напишаа во својата објава на „Фејсбук“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: