Поп-пејачот Даниел Данн заедно со Емина Јаховиќ го испеа нејзиниот хит „Два авиона“. Оваа песна Емина оригинално ја пее во дует со Жељко Јоксимовиќ. Емина и Даниел се дружеа во Истанбул пред една година, а македонскиот пејач дури сега го сподели видеото на Јутјуб.
„Тој е неоткриен глас, неоткриен талент. Ова е навистина неверојатно. За мене ова е големо изненадување“, вели Емина.
Македонскиот пејач, кој периодов нема настапи поради пандемијата со коронавирусот, со својот бенд снима видеа и направи преработки на некои од најголемите македонски хитови. Тој веќе ги препеа „Не сум твој тип“ од „Дупер“, „Сонце во твоите руси коси“ од Тоше Проески и „Јако јако“ од Лозано.
