Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) „Дневна доза муабет“: Секој кога некогаш ви рекол дека не сте доволно добри, тоа е знак на насилство

Регресотерапевт Елена Антоновска која е генерална менаџерка на „Арс Луцида“, во текот на пандемијата со коронавирус, јавно говори за теми кои малку се зборува во јавноста и кои се сметаат за нормални, иако не се.

Во последната „Дневна доза муабет“, Антоновска говори за насилството, тема за која многу малку се зборува, и за жал недоволно се обрнува внимание.

„Муабети за личен развој“ е книга напишана од неа и Огнен Јанески, а темата е веќе обработена. Таа говори за симптомите и знаците на насилство, а тие започнуваат со моменти кога некој ве ограничува да бидете тоа што се.

„Секој кога некогаш ви рекол дека не сте доволно добри, тоа е знак на насилство. Дека не си доволно паметен, убав, мал, дебел си, глупав си, не си доволно шармантен, не те бива за ова, тоа што го правиш не е совршено, многу грешки правиш и тн“, објаснува Антоновска, додавајќи дека мора да се размисли зошто се ставаме во ситуација да доживуваме насилство и во кои ситуации тоа ние го правиме, односно, дали го правиме себеси или други луѓе.

Извојде 12 минути, ова е важно да го погледнете:

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: