Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Ќерката на Алек Болдвин jа силувале како тинејџерка, а подоцна абортирала


Ќерката на Алек Болдвин, Ајрланд Болдвин, сподели видео на TikTok во кое откри дека била силувана како тинејџерка и дека абортирала подоцна во животот.

„Денес нема да ви кажам детално што се случи“, рече таа, „но бев силувана кога бев тинејџерка и бев целосно онесвестена кога тоа се случи. Тоа ми го промени текот на животот“.

„Со години на никого не му кажав за инцидентот, освен на медицинската сестра која ме прегледа. Таа тајна ја чував со години, а откако го сторив тоа, ми предизвика многу болка мене и луѓето што ги сакам“, вели Ајерланд.

„Пиев многу повеќе, излегував надвор, бев во насилни и токсични врски и пријателства… Најчесто правев се што можев за да си го одвлечам вниманието“, додала таа.

„Гледајќи толку многу други храбри жени кои ги споделуваат своите приказни ме натера да размислам за тоа како би изгледал мојот живот доколку останев бремена и морав да одгледувам бебе за време на сето она низ кое поминував во тоа време“, рече таа.

„Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап. Подоцна во животот, неочекувано забременив со мојот дечко во тоа време и тој прилично јасно ми кажа дека никогаш не сакал деца или брак. Го избрав абортусот затоа што точно знам какво е чувството да се родиш меѓу двајца кои се мразат“, рече таа.

„Се избрав себеси, и повторно би се избрала. Тоа е твој живот, тоа е твој избор“, заклучи Ајерланд.

@irelandshmireland I’m here for you ♥️ #fyp #roevwade #womensrights ♬ original sound – Ireland

Трендинг

На почеток
error: