Медиасет.мк

#ТРЕНД

Бредли Купер со месеци не го напушта домот

Холивудскиот глумец Бредли Купер не излегува од дома бидејќи сака да ја заштити својата мајка Глорија од коронавирусот. 45-годишниот актер откри дека постојано е во својата куќа во последните неколку месеци бидејќи е исплашен за нејзиното здравје.

„Јас сум со ќерка ми, мајка ми и моите две кучиња и не сме ја напуштиле куќата веќе некое време. Мајка ми има 80 години и носи колостомска кеса прикачена на стомакот, па не можам да дозволам никој да влезе во куќата ниту, пак, можам да излезам, бидејќи ако се зарази со Ковид-19, готово е,“ напиша глумецот.

По ова неколку фанови му напишаа дека ги лаже бидејќи пред еден месец во јавноста се појавија слики на кои Бредли е на плажа на Малибу со ќерката, а друштво им правеше глумицата Џенифер Гарнер. Откако беа објавени сликите, неколку медиуми пишуваа дека популарните глумци се во врска.

Трендинг

На почеток
error: