#ФОКУС

ВИДЕО: Хаос во Италија, маркетите празни бидејќи жителите се подготвуваат за епидемија од корона – маски за заштита веќе нема

Објавено на

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила е мерката за строг карантин.

Продавниците, рестораните, баровите се затворени, не се служат црковни миси, откажани се карневалски прослави и спортски настани, а не работат и градинките и училиштата. Не функционира ниту јавниот превоз.

Заштитни маски веќе долго време недостасуваат во многу италијански аптеки. Еден фармацевт за „Кориере дела Сера“ изјави дека веќе нема заштитни маски ниту за сопствена употреба.

Жителите на малиот град Касалпустерленго во Ломбардија со часови чекале во колони во супермаркетите за да купат намирници, а во многу продавници полиците биле празни.

Во Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања и Пиемонт, училиштата и факултетите се затворени до 1 март. Предавања нема, но ограничено е и раборното време на кафулињата и дискотеките кои затвораат во 18 часот попладне. После тоа, нема да им биде дозволено да ги служат гостите.

На социјалните мрежи во меѓувреме се појавија фотографии од празните полици во продавниците и купувачи со заштитни маски кои чекаат во ред за да купат неопходни намирници.

Досега во Италија од вирусот починаа четири лица, а се смета дека епидемијата во оваа земја е најголема надвор од територијата на Азија. Последна жртва е 84-годишен маж во болница во Бергамо. Засега е непознато дали тој страдал од некоја хронична болест.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version