#ТРЕНД

(ВИДЕО) Играч на Хамбург влезе на трибините за да се пресмета со навивач

Објавено на

На вчерашните натпревари од фудбалската сезона во Германија вчера највозбидливо беше во Дрезден каде локалните власти дозволија дури 10.000 навивачи на присуствуваат на натпреварот на нивниот миленик Динамо против Хамбург.

Динамо Дрезден славеше со убедливи 4:1 но натпреварот ќе се памети по инцидентот кој го предизвика дефанзивецот на Хамбург, Тони Лајстнер.

За време на натпреварот тој постојано беше навредуван од страна на домашните навивачи.

Тоа тешко му падна на Лајстнер кој ја прескокна заштитната ограда и се качи на трибините за да се пресмета со навивачите на динамо. Тој фати навивач на Динамо за врат,но го пушти кога се вмешаа останатите навивачи.

Трендинг

Exit mobile version