#ФОКУС

ВИДЕО: Илјадници луѓе му оддадоа почит на Џорџ Флојд

Објавено на

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис.

Меѓу оние што беа собрани на комеморацијата во капелата на Универзитетот Норт Централ беа и познати личности, активисти за човекови права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд.

Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во тишина осум минути и 46 секунди, онолку време колку што полицаецот Дерек Човин го задржа коленото на вратот на жртвата.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, исто така се појави на комеморацијата и клекна и заплака покрај ковчегот на Џорџ Флојд за време на почетокот на комеморацијата.

Телото на Џорџ Флојд беше во златен ковчег опкружен со цвеќиња, а покрај неговиот портрет, зад присутните беше поставен мурал со неговиот лик, пренесува „Гардијан“.

Свештеникот Ал Шерптон, кој ја предводеше молитвата, рече дека Америка никогаш не била голема за црнците, алудирајќи на слоганот на американскиот претседател Трамп.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version