#ФОКУС

(ВИДЕО) Инвазија на инсекти во Краснојарск

Објавено на

Улиците на рускиот град Краснојарск изминативе денови се опседнати со орди од разни бубачки.

Огромен облак од инсекти лета над градот, а на социјалните мрежи кружат апокалиптични снимки на луѓе што се обидуваат на секој начин да се одбранат од нив.

Инсектите го опседнаа градот за време на викендот, а се чини дека најлошо беше во понеделникот, кога шетањето по улиците и парковите беше невозможна мисија.

Во еден момент, според руските медиуми, инсектите формирале толку големи роеви што улиците изгледале како покриени со летачки теписи.

Експертите велат дека егзодусот на таканаречените „зелени муви“ не е толку необичен бидејќи, поради убавото време, популацијата на бубачки „експлодирала“ и завршила во град што им се нашол на патот до блиските планини.

Експертите исто така велат дека инсектите не се опасни за луѓето, но се непријатни.

Трендинг

Exit mobile version