#ФАЦИ
(ВИДЕО) Изабела Пан избрана за млад европски амбасадор: Ќе се борам против дискриминацијата
Младата актерка Изабела Јакимова-Пан од Скопје е избрана за млад еворпски амбасадор, во конкуренција од 72 пријавени. Одбрани се вкупно шест земји, и тоа Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија.
Таа се пријави како активист кој се бори за правата на маргинализираните лица и сега, има можност да направи и поголеми општествени промени…
„Во моето претставување кажав дека сум актер и дека сакам да се борам за правата на маргинализираните групи и општо човекови права и дека сакам да ја имам таа можност да направам промена бидејќи навистина мислам дека промената можеме да ја направиме сите ние!
Официјално ќе се потврди листата на први септември откако претходно ќе стапиме во контакт со организаторите на овој избор.
Мојата должност би подразбирала да создавам и давам поддршка на проекти на млади кои би имале цел да направат општествена промена, да ги застапувам истите и да се борам за еднаквост, прифаќање и да се борам против дискриминација!“, раскажува Пан.
Таа вели дека е изненадена и среќна што е избрана.
„Премногу сум изненадена бидејќи навистина не очекував. Среќна сум што успеав да стигнам и до тука без разлика на официјалната листа што би ја имале на први септември. Верувам дека можам да направам промена, знам дека можам да направам бидејќи имам визија и исто верувам во идеите и визиите на сите млади кои некако како да се исплашени да се искажат. Навистина би сакала да им бидам поддршка и да им дадам храброст, буквално да бидеме еден до друг и да се бориме за еднакво и мирно општество“, додава таа.