#ФАЦИ
ВИДЕО: Капитенот Кире Лазаров доби уникатна роденденска честитка
Ракометарот Кире Лазаров вчера го прослави 40-тиот роденден.
Ракометарите и соработниците од школата „Кирил Лазаров 7“ преку видео му посакаа многу среќа и успеси.
„Кога рекордерите се рекордери со години, тогаш се историја, тој е историја родена пред 40 години на денешен ден во Велес. Тргна од Свети Николе стигна до Нант, а некаде помеѓу му се оствари детскиот сон наречен Барселона. Тој не игра – тој живее ракомет.“
„Со неговиот ракометен сон живеат и 1.000 деца од школата за ракомет КЛ7 низ Македонија, кои преку видео пораки на капитенот на машката ракометна репрезентација и најдобриот ракометар роден во Македонија, Кирил Лазаров му го честитаа 40-тиот роденден.“
„Во видеото се и сите младински селекции на КЛ7, играчите од РК „Голден Арт КЛ7″ и соработниците на Лазаров. Најголемата ракометна фамилија КЛ7 својата роденденска порака составена од преку 120 видеа ја завршува со зборовите: ‘СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НАШ НАЈДОБАР, ТЕ САКА ТВОЈА КЛ7 ФАМИЛИЈА’“, стои во описот на честитката.