Технолошката компанија „ Rocos “ истражува како кучето робот „Spot“, кое е направено од американската компанија „Boston Dynamics“, може да работи во сточарството.
Роботот е дизајниран за спасувачки мисии со потраги, преминување преку нерамни терени, сакајќи да видат како би им помогнал на фармерите во Нов Зеланд, роботот е пуштен помеѓу стадо овци.
Давид Ингс, од компанијата „Rocos“, рекол дека го пуштиле меѓу вистински кучиња.
„Немавме очекувања дека ќе ги замени кучињата, но се изненадивме од тоа колку е агилен и ни даде интересна замисла за тоа што носи иднината“, вели Ингс.
Рекол дека е интересно тоа дека кучињата навистина не го сакаат роботот. Но овците се однесувале како да е вистинско куче, пипшува „Би-Би-Си“.
Ингс вели дека роботите во скоро време нема да ги заменат кучињата овчари, но покажале колку корист може да се има од нив.