Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

ВИДЕО: Куче робот носи стадо овци на пасење

Технолошката компанија „ Rocos “ истражува како кучето робот „Spot“, кое е направено од американската компанија „Boston Dynamics“, може да работи во сточарството.

Роботот е дизајниран за спасувачки мисии со потраги, преминување преку нерамни терени, сакајќи да видат како би им помогнал на фармерите во Нов Зеланд, роботот е пуштен помеѓу стадо овци.

Давид Ингс, од компанијата „Rocos“, рекол дека го пуштиле меѓу вистински кучиња.

„Немавме очекувања дека ќе ги замени кучињата, но се изненадивме од тоа колку е агилен и ни даде интересна замисла за тоа што носи иднината“, вели Ингс.

Рекол дека е интересно тоа дека кучињата навистина не го сакаат роботот. Но овците се однесувале како да е вистинско куче, пипшува „Би-Би-Си“.

Ингс вели дека роботите во скоро време нема да ги заменат кучињата овчари, но покажале колку корист може да се има од нив.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: