Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Лозано го објави минатогодишниот концерт за да ги забавува фановите во изолација

Поп пејачот Влатко Лозаноски го објави минатогодишниот концерт во Скопје.

„Со оглед на ситуацијата која ни се случува на сите нам, решивме заедно со мојот тим да Ви го подариме нашиот двочасовен концерт, за време на овој карантин.

Ви благодарам уште еднаш од срце на сите оние кои што приствуваа на овој прекрасен концерт, на тие кои што беа зад и на бината, но најмногу на тие кои беа пред бината, одличната публика која придонесе овој концерт да добие друга димензија.
Ве гушкам “јако, јако” и останете прекрасни како што сте, догледање до нашето следно видување“, напиша Лозано на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: