#ФАЦИ
ВИДЕО: Македонката Калина ги полуде Бугарите во неколку секунди
Пејачката Калина Велковска, која на македонската публика ѝ е позната како Кали, го воодушеви жирито во шоуто „Гласот на Бугарија“, што се снима по лиценца на The Voice. Таа ја пееше песната This World и откако доби комплименти за пеењето, за свој ментор го избра Иван Лечев.
Инку, Калина учела пеење во МБУЦ „Илија Николовси Луј“, пеела во детските хорови „Пиколо“ и „Развигорче“, а од 2006 година активно се занимава со музика, и тоа авангарда.
Во меѓувреме, на нејзината официјална фејсбук-страница се појави проект Kaly’s Music Challenge, во кој Калина со други изведувачи и музичари, прават преработки и изведби на познати хитови.