#ТРЕНД

ВИДЕО: Марко ја запроси Луна Џогани

Објавено на

Победничката на реалното-шоу „Задруга“ и пејачка Луна Џогани вчера се сврши со момчето Марко Миљковиќ. Тие се запознаа пред повеќе од една година на снимањето на „Задруга“, каде што ја почнаа врската. Луна прва објави фотографија од моментот кога ја побарал за сопруга и се пофали дека ќе се мажи.

„Никој не веруваше во нивната љубов, никој не веруваше, но тие им ја затворија устата на злобниците и издржаа. Луна е пресреќна што Марко ја побара за жена“, рече за српските медиуми извор близок до Луна.

Љубовта на Луна и Марко почна во познатото српско ријалити. Откако шоуто заврши, тие беа неразделни, раскинаа по неколку месеци, а се смирија пролетта, откако и двајцата повторно се вратија во шоуто. Во истото реално шоу заедно со нив беа и родителите на Луна, пејачката Анабела Атијас и Гаги Џогани.

Пред врската со Марко, Луна имаше уште една врска во „Задруга“, со пејачот Слоба Радовановиќ, кој во тоа време беше оженет со Кија Коцкар. Слоба и Луна ја прекинаа врската пред крајот на шоуто, а таа долго потоа велеше дека тој е љубовта на нејзиниот живот.

Помеѓу двете учества во реалното шоу, Луна сними и неколку песни во студиото на Дарко Димитров.

Трендинг

Exit mobile version