Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Маск: Роботот ќе се грижи за вашите деца, тој ќе ви биде пријател

Шефот на Tесла, Илон Маск, сака да го сметате за пријател роботот на оваа компанија, Optimus.

„Мислам дека луѓето ќе почнат да размислуваат за Optimus како пријател, да речеме нешто како R2-D2“, рече Маск во интервјуто на Канскиот фестивал на креативност.

Тој истакна дека Tесла не планира во блиска иднина на Optimus да му даде човечки облик, но сепак сакаат тој да „изгледа добро“, и дека овој робот ќе може да се користи како личен асистент во домаќинството.

„Можете да го ангажирате да го шета вашето куче, да се грижи за куќата или децата, да готви вечера, да свири нешто на пијано, тоа е хуманоиден робот“, рече Маск.

Тој верува дека секој човек ќе има свој личен робот, а ќе има и други кои ќе се „вработат“ во различни индустрии.
„Мислам дека Optimus ќе биде повреден од сè друго во нашата компанија заедно. Ако имате разумен хуманоиден робот кој може да се движи во реални ситуации и да извршува задачи, нема ограничување за таа економска пресметка“, заклучил Маск.

Трендинг

На почеток
error: