Медиасет.мк

Медиасет

Се огласи Кејт Мидлтон: Објави нова фотографија и му испрати прекрасни зборови на сопругот

Принцезата од Велс го прослави 42-от роденден на својот сопруг принцот Вилијам со необична фотографија направена на неодамнешниот семеен одмор во Норфолк.

„Среќен роденден тато, сите те сакаме многу!“, напиша Кејт на објавата на социјалната мрежа X.

На фотографијата Вилијам може да се види како скока и се држи за рака со своите три деца на плажата. Фотографијата, која таа ја сподели на социјалните мрежи, е направена од Кејт минатиот месец додека семејството беше во Норфолк и се чини дека е направена истиот ден кога нивната слатка слика за Денот на таткото минатата недела.

Претходно, Бакингемската палата сподели фотографија од кралот Чарлс со принцот од Велс како седи во неговиот скут, а сликата датира од февруари 1983 година.

Оваа фотографија беше поставена на профилот на социјалните мрежи на кралското семејство во петокот наутро.

Истата беше придружена со порака: „Среќен роденден на принцот од Велс!

Вилијам го слави големиот ден откако го гледаше разочарувачкото реми на Англија против Данска за Евро 2024 година.

Да потсетиме, првото појавување на Кејт Мидлтон во јавноста се случи неодамна, таа со семејството блесна на терасата на Бакингемската палата и организираше прослава по повод роденденската парада на кралот, како што и претходно најави.

Да потсетиме дека Кејт ја сподели дијагнозата на рак со јавноста на 22 март. Во тоа време, во претходно снимена видео порака, таа рече дека планираната операција на абдоменот во јануари била успешна и дека првично се сметало дека нејзината состојба не е канцерогена, но тестовите покажале присуство на рак. Таа потоа започнала со третман, вклучително и хемотерапија која започнала во февруари, а закрепнала приватно.

На почеток
error: