Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) Миа Костова: Не мора Панчо да е манекен и да метар и 90 за да има лично мислење

Статусот на Панчо од ДНК кој се однесуваше на тангите на плажа во Охрид предизвика лавина реакции, посебно од понежниот пол.

Имено, тој на својот „Фејсбук“ напиша објава истакнувајќи дека не е секој газ за танга по плажа.

Некогашната македонска водителка Миа Костова се вклучи во живо на „Инстаграм“ и го прокоментира статусот на Панчо.

„Прво и основно, познавајќи го Панчо, без никаква потреба да го бранам, го извадија и го извадивте од контекст. Единствено нешто за кое јас имам замерка кога е во прашање статусот е последните две емоџи со кои им даде до знаење на жените кои имаат вишок на килограми дека се свињи.

Тоа му беше голема грешка, но верувам дека не мислел кој знае колку лошо. А она што јас го читам кога ќе го прочитам статусот на Панчо е нешто што во моментот кога погледнал некаде или видел нешто му засметало.

Не е дека тој имал право да каже кој како ќе се носи. И јас навистина многу почитувам девојки „oversize“ кои се носат извонредно добро со килажата која ја имаат.

Едноставно во тој момент не му се допаднало тоа што го видел. И точно се сложувам, сметам дека не смееше да се обрати ниту во еден момент со емоџи прасе, тоа му е единственото нешто што сметам дека го погреши.

Ова другово едноставно е лично мислење. И не мора Панчо да е манекен и да метар и 90 за да има лично мислење“, вели Миа во „лајвот“ на Инстаграм.

Видеото можете да го погледнете тука

 

Трендинг

На почеток
error: