#ФОКУС

ВИДЕО: Навални тврди дека е отруен со шише вода во хотелот

Објавено на

Отруениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални, објави видео на „Инстаграм“ во кое тврди дека тој бил отруен со шише вода во хотелската соба во Томск каде што престојувал пред летот на кој му се слошило.

Пред тоа се сметаше дека Навални е отруен на аеродромот непосредно пред летот.

Во објавата се наведува дека шишето вода од кое пиел е едно од бесплатните шишиња што му биле оставени на Навални во хотелот.

Навални се разболе на лет за Русија минатиот месец и беше пренесен во Берлин на лекување неколку дена подоцна. Германија потврди дека е отруен со новичок, нервен агенс развиен во Советскиот Сојуз.

Русија тврди дека нема докази дека е отруен.

Трендинг

Exit mobile version