Неколку стотици обожаватели на славниот фудбалер Диего Армандо Марадона го испратија својот херој на итна операција. Легендарниот Аргентинец мораше итно да биде опериран поради згрутчување на крвта близу мозокот, а неговите сонародници не дозволија Ел Пибе да оди на интервенција во мир и тишина.
Марадона стана национален херој во 1986 година, кога ја донесе титулата светски шампион во Аргентина и откако и донесе победа против Англија во нокаут фазата за време на жестоките конфликти околу Фокландските острови.
🚨 #Maradona será operado esta noche por una hematoma subdural 😥
👇🏼 Así lo apoyan los fanáticos en #Argentina cuando lo trasladaban al hospital 👇🏼
🔎 Seguimos de cerca el desarrollo de esta historia, y le deseamos lo mejor al #D10S 💙#DiegoMaradona #JRYSB #LaBanda #ESPN pic.twitter.com/dQEMTpOF1e
— Jorge Ramos y su Banda (@ESPN_JorgeRamos) November 3, 2020