Предизборната кампања за предвремните парламентарни избори на 15 јули се наоѓа на четвртина, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување на „инвентивни“ спотови.
Во последниот спот, мајка седи на кревет покрај дете и му чита приспивна приказна со наслов „Заев и илјадниците ветувања. Во приказната станува збор за Заев, Радмила и Вицето кои јаделе виршли, ама дошол Даскалот и ги прекинал.
Твитерџиите се прашуваат како ги добиваат идеите за овие спотови, а голем дел од нив сметаат дека најверојатно некој од СДСМ го води ПР на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа е најлогично објаснување.
На ВМРО ПР-ов им го води некој од СДСМ друго објаснување нема хахах
— Мозок (@Brain_MKD) June 28, 2020
Зошто имаш толку голема уста? А тој и рекол, за да можам да лапнам 2 виршли одеднаш pic.twitter.com/fxaKRkvi6t
— Дејвид Мартинез ₿⚡ (@Samosvesen) June 27, 2020
Виршлава е бомбона 🙂
Како ви текнуваат вакви работи?— Миле Паника (@Mile_Panika) June 27, 2020
https://twitter.com/Sulimanovic/status/1276880648146477057
Немаме доволно пари за дрога. Иначе може ок се.
— Катерина Стопареска 🇲🇰 (@Stopareska) June 27, 2020
https://twitter.com/NemaPariNemaMir/status/1276991591975190530
Од еден од најпопуларните скечови на К-15, е направена уште една пародија на рекламното видео на ВМРО-ДПМНЕ.
https://twitter.com/KaPetnaest/status/1276930707659673601
Спотот на ВМРО-ДПМНЕ, завршува отако ќе дојде даскалот, за кој се смета дека најверојатно е Христијан Мицкоски.
https://twitter.com/NemaPariNemaMir/status/1276982890195189765
Следниот изборен спот, дел од корисниците на „Твитер“ сметаат дека ќе биде: „Мицкоски како крева 220 кг. на бенч“.
Во наредниот спот на Вмро очекувам да го видиме Мицкоски како крева 220кг. на бенч!
— KiKi (@KristijanTales1) June 28, 2020