(ВИДЕО) „Немаме пари за дрога, инече можеби ок се спотовите на ВМРО“, жестоки рекации за вмровските видеа

Предизборната кампања за предвремните парламентарни избори на 15 јули се наоѓа на четвртина, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува со објавување на „инвентивни“ спотови.

Во последниот спот, мајка седи на кревет покрај дете и му чита приспивна приказна со наслов „Заев и илјадниците ветувања. Во приказната станува збор за Заев, Радмила и Вицето кои јаделе виршли, ама дошол Даскалот и ги прекинал.

Твитерџиите се прашуваат како ги добиваат идеите за овие спотови, а голем дел од нив сметаат дека најверојатно некој од СДСМ го води ПР на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа е најлогично објаснување.

Од еден од најпопуларните скечови на К-15, е направена уште една пародија на рекламното видео на ВМРО-ДПМНЕ.

Спотот на ВМРО-ДПМНЕ, завршува отако ќе дојде даскалот, за кој се смета дека најверојатно е Христијан Мицкоски.

Следниот изборен спот, дел од корисниците на „Твитер“ сметаат дека ќе биде: „Мицкоски како крева 220 кг. на бенч“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *