Нетфликс го објави првиот трејлер за филмот „In The Hand Of Dante“, новото остварување на режисерот Џулијан Шнабел, кое премиерно беше прикажано на минатогодишниот Филмски фестивал во Венеција.Филмот има импресивна актерска екипа предводена од Оскар Ајзак, Џејсон Момоа, Гал Гадот и Мартин Скорсезе, пишува Deadline.Станува збор за најновиот проект на Шнабел по филмот „На портите на вечноста“ од 2018 година, посветен на Винсент ван Гог, кој беше номиниран за Оскар.Филмот е базиран на романот на Ник Тошес од 2002 година. Оскар Ајзак толкува двојна улога – њујоршкиот писател Ник Тошес во 21 век и Данте Алигиери во 14 век.Според официјалниот синопсис, „In the Hand of Dante“ ги следи паралелните животи на Тошес, кој тргнува на опасно патување откако мафијашки бос ќе го ангажира да го украде оригиналниот ракопис на „Божествената комедија“, и самиот Данте, кој бара инспирација за своето најзначајно дело.Двајцата мажи, иако разделени со векови, се поврзани преку нивната опсесивна потрага по љубовта, убавината и божественото.Покрај Ајзак, во филмот играат и Гал Гадот, Џерард Батлер, Џон Малкович, Сабрина Импачиаторе, Франко Неро, Бенџамин Клементин, Мартин Скорсезе, Ал Пачино и Џејсон Момоа.Сценариото, според романот на Тошес, го адаптирале Џулијан Шнабел и Луис Кугелберг.Правата за филмот годинава ги откупи Нетфликс, кој планира кино-премиера на 12 јуни, а на стриминг платформата филмот ќе биде достапен од 24 јуни. Пред пошироката дистрибуција ќе биде прикажан и на филмскиот фестивал Трајбека.
