Медиасет.мк

Медиасет

Паника во „Боинг“: Аларм за бомба го врати авионот назад во САД

Патнички авион на лет од САД кон шпанскиот остров Мајорка бил принуден да се врати на аеродромот во Њуарк откако во кабината бил детектиран блутут сигнал со назив „бомба“, соопштија воздухопловните власти.Авионот од типот „Боинг 767“, кој летал на релација Њуарк – Палма де Мајорка, полетал во саботата навечер со 190 патници и 12 членови на екипажот. Околу три часа по полетувањето, екипажот бил известен за присуство на сомнителен блутут уред.Според информациите, пилотите повеќепати побарале од патниците да ги исклучат своите блутут уреди, но два од нив останале активни. По консултации со оперативниот центар на авиокомпанијата во Чикаго, било донесено решение авионот да се врати во Њуарк како безбедносна мерка.По слетувањето, сите патници биле евакуирани, а полицијата извршила детален преглед на леталото. Не била пронајдена никаква експлозивна направа, по што патниците минале дополнителна безбедносна контрола и биле префрлени на заменски лет.Според неофицијални информации, за инцидентот се сомничи 16-годишен тинејџер кој наводно го преименувал својот блутут уред во „бомба“. Надлежните случајот го третираат како несоодветна шега, а авионот подоцна безбедно пристигнал на својата крајна дестинација во Палма де Мајорка.

На почеток
error: