Пејачката Јелена Карлеуша, која важи за балканска мега ѕвезда, по подолга пауза поради коронавирусот, вечерва настапува во клубот „Егоист“ во Охрид. Карлеуша е позната по тоа што на нејзините настапи прави вистинско шоу, а клубовите се секогаш преполни и се бара место плус.
Од клубот каде настапуваат веќе објаснија дека ќе работат со намален капацитет поради вирусот, како и дека, ќе се почитуваат безбедносните протоколи.
https://www.youtube.com/watch?v=vaiqXpWEtzQ
За време на карантинските денови, Карлеуша направи и онлајн концерт, кој го следеа илјадници гледачи.
