#ТРЕНД
ВИДЕО: Охрид ќе гори, Карлеуша вечерва со спектакл во познат бар
Пејачката Јелена Карлеуша, која важи за балканска мега ѕвезда, по подолга пауза поради коронавирусот, вечерва настапува во клубот „Егоист“ во Охрид. Карлеуша е позната по тоа што на нејзините настапи прави вистинско шоу, а клубовите се секогаш преполни и се бара место плус.
Од клубот каде настапуваат веќе објаснија дека ќе работат со намален капацитет поради вирусот, како и дека, ќе се почитуваат безбедносните протоколи.
https://www.youtube.com/watch?v=vaiqXpWEtzQ
За време на карантинските денови, Карлеуша направи и онлајн концерт, кој го следеа илјадници гледачи.