Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) Музичар кој не се откажува: Мицов не завршува со „Совршена“

Иако коронавирусот им го смени професионалниот живот и ги оттргна од музиката, сепак, музичарите не се откажуваат од правење нови песни кои треба да бидат хитови. Горан Мицов, објави нова композиција под називот „Совршена“ за кој снимил и видео спот.

„Бурното темпо на секојдневниот живот исполнет со бројни настапи , го заменав со повлекување во моето домашно студио, со реализирање на своја авторска музика. Во ова време – невреме поради актуелната состојба добредојдено би било мало опуштање. Би ви бил благодарен доколку ја добијам вашата поддршка со објавување на моите новости“, вели Мицов за новото музичко парче.

Текстот на композицијата е на Ирена Митревска, музиката и аранжманот се негови, додека, спотот го работел тој заедно со Гоце Цветков.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: