Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Ѓоковиќ не ја погоди судијката со топчето, таа одглуми

Линиската судијка на Ју-Ес-Опен, Лаура Кларк,  одглуми дека била погодена од страна на Новак Ѓоковиќ, сметаат голем број фанови, по прегледаната снимка.

На едно од видеата кое е снимено од поинаков агол, а кое не било достапно за време на преносот, се гледа како топчето ја одминува, а Кларк паѓа како покосена, покажувајќи дека била погодена во вратот. Фановите на Ѓоковиќ сметаат дека организаторот се обидел да ја сокрие снимката.

Ѓоковиќ беше дисквалификуван од турнирот, за време на првиот сет од осмина-финалниот меч со Пабло Карењо-Буста.

Фановите на Ѓоковиќ го охрабруваат тој да поднесе тужба против Ју-Ес-опен, кој го дисквалификуваше на основа на претераната драматизација на Кларк.

Наввачите сметаат дека Ѓоковиќ треба да го тужи организаторот поради неоснована дисквалификација, казна во износ од 257.000 долари, емотивна траума и рушење на угледот.

https://twitter.com/djokernole777/status/1304093764126900224

На почеток
error: