Новак Ѓоковиќ, повторно удри судија со топче во текот на мечот, во осминафиналето на Ролан Гарос, каде тој попладнево игра против Казахстанецот Карен Хачанов.
При еден одличен сервис на противникот, Ѓоковиќ се истегна колку можеше, но сепак не успеа да го врати сервисот и притоа го закачи топчето со работ на рекетот, лансирајќи го во главата на линискиот арбитар.
https://twitter.com/tennis_gifs/status/1313123133633695745?ref_src=twsrc%5Etfw
За разлика од контроверзниот случај на УС Опен пред еден месец, кога српскиот ас беше дисквалификуван откако погоди линиска судијка во вратот, овој пат немаше никакви дилеми за можна казна, затоа што ударот се случи за време на поенот и без никаков сомнеж за намера или невнимание.