Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Ѓоковиќ се огласи среде ноќ

Новак Ѓоковиќ се огласи среде ноќ и дополнително ги зголеми надежите дека ќе игра на Вимблдон.

Ѓоковиќ во неделата пристигна во Лондон, каде веднаш изработи тренинг на терените на Ол Ингланд клубот.

Така го најави својот настап на најголемиот тениски турнир неполни 20 дена по операцијата на коленото.

Иако многумина очекуваа дека ќе го пропушти Вимблдон за да биде максимално подготвен за Олимпијадата, тој сепак е тука.

„Тоа е тоа време од годината. Добро е што се вратив. Давам се од себе за да бидам подготвен за Вимблдон“, напиша Ѓоковиќ покрај снимката од тренингот во Лондон.

На почеток
error: