Медиасет.мк

#КИНО

(ВИДЕО) Џорџ Клуни со брада и запуштен изглед во новиот филм

Netflix објави трејлер за првиот филм на Џорџ Клуни од 2016 година, а судејќи според првичните реакции, фановите едвај го чекаат.

,,Небото на полноќ”, според синопсисот, „е пост-апокалиптична приказна што го следи Августин, осамен научник на Арктикот, додека тој се натпреварува со времето за да ја запре Сали и нејзините колеги астронаути да се вратат дома среде мистериозна глобална катастрофа.

Покрај улогата на Августин, Клуни е и режисер на филмот, адаптација на реномираниот роман на Лили Брукс-Далтон, ,,Добро утро, полноќ”. Во филмот играат и Дејвид Ојелово, Кајл Чендлер, Демијан Бичир и Тифани Бун.

Пред соработката со Нетфликс, Клуни, по неколку години актерска пауза, го сними Квака-22 за ХУЛУ, минисерија заснована на култниот антивоен роман на Џозеф Хелер од 1961 година, во кој се појавил во три од шесте епизоди.

Инаку, Клуни беше најплатениот актер на светот во 2018 година, иако претходната година немаше снимено ниту еден филм.

,,Небото на полноќ” треба да биде достапen на Нетфликс од 23-ти декември.

Трендинг

На почеток
error: