Медиасет.мк

#КИНО

ВИДЕО: Ова се топ-10 најгледани оригинални филмови на „Нетфликс“

Стриминг-платформата „Нетфликс“ ги објави своите оригинални филмови со најдобри перформанси, при што Extraction го зазема првото место со 99 милони корисници од целиот свет, кои го гледале филмот во првите четири недели од неговото излегување, потоа следуваатт Bird Box, Spenser Confidial и 6 Underground.

Kомпанијата во минатото не откриваше статистика за гледаноста, а од неодамна почна да споделува некои податоци во форма на квартални финансиски резултати. Овој пат ги објави своите 10 најпопуларни оригинални филмови.

Следнава листа го покажува бројот на прегледи во првите четири недели по нивното излегување, односно по премиерното прикажување на стрим-платформата: 1. „Екстракција“ – 99 милиони прегледи, 2. „Птичја кутија“ – 89 милиони прегледи, 3. „Спенсер доверливо“ – 85 милиони прегледи, 4. „Шесто подземје“ – 83 милиони прегледи, 5. „Мистериозно убиство“ – 83 милиони прегледи, 6. „Ирецот“ – 64 милиони прегледи, 7. „Тројна граница“ – 63 милиони прегледи, 8. „Погрешната девојка“ – 59 милиони прегледи, 9. „Платформата“ – 56 милиони и 10. „Совршен состанок“ – 55 милиони прегледи.

На листата постои жанровски диверзитет, при што четирите најгледани се акциони/трилери со актери како Крис Хемсворт, Сандра Булок, Марк Волберг и Рајан Рејнолдс. Исто така, има три комедии, како и драма („Ирецот“).

Имајќи предвид дека од почетокот на 2019 година „Нетфликс“ стекна 43,6 милиони корисници, секое ново издание веројатно ќе го гледаат повеќе луѓе отколку претходните филмови.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: