Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) По 137 дена, во болницата во Бергамо веќе нема заразени од корона, докторите со минута молк за починатите

137 дена по приемот на првиот пациент заразен со коронавирус, во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, на одделот за интензивна нега веќе нема пациенти со коронавирус. Бергамо беше еден од најпогодените градови од вирусот во Италија, но и во светот. Во овој град починаа речиси 6.000 лица.

Веста дека, конечно, се справиле со болеста ја објавија докторите. Тие со аплауз влегле во болницата, а потоа следувал едноминутен молк во чест на починатите од Ковид-19.

„Победата дојде“, рекол Лука Лорини, директор на одделот за итни случаи во болницата.

„Денес, конечно, ги гледаме нашите лекари и медицински сестри облечени во своите вообичаени униформи“, рекла Марија Беатрис Стаси, генерален директор на болницата, за весникот „Ла Стампа“.

Одделот за интензивна нега во оваа болница беше на првата линија во борбата против коронавирусот справувајќи се со илјадници смртни случаи. Болничките капацитети беа преполни во екот на кризата. Лекарите работеа и по неколку дена без престан, а во најкризните денови во оваа болница имаше и по неколку стотини смртни случаи дневно.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: