#ФОКУС
(ВИДЕО) Полицајци во САД, со лисици апсат осумгодишно дете
Снимка од официјална полициска камера која се носи на телото, на која се гледа како двајца полицајци апсат осумгодишно дете во градот Ки Вест на Флорида, стана вирална на социјалните мрежи.
На снимката од декември 2018 година, која вчера ја објавил јавен обвинител, се гледаат полицајците како влегуваат во училиштето на повик на една од наставничките, која детето претходно ја оттурнало, удирајќи ја во градите. Полицајците го спроведуваат детето, кое е облеано во солзи, како да е возрасен осомничен, со целосен претрес, и му ставаат лисици на рацете, откако му ги свиткуваат зад грб. Тие се мачат да му ги стават лисиците на детето, затоа што неговите раце се премногу тенки.
„Знаеш ли каде одиш? Одиш во затвор,“ му вели еден од полицајците на третоодделенецот.
Според американските медиуми, наставничката рекла дека повеќепати го замолила детето да седи исправено во школската менза, по што го станала и му рекла да појде со неа. Тогаш, тоа наводно ја удрило и ѝ рекло: „Мајка ми ќе те претепа“.
Името на детето не се открива, а се знае дека е поднесена пријава за физички напад. Статусот на случајот не е познат, пишуваат медиумите од САД.