Рускиот борач Заурбек Сидаков среде својата венчавка добил пораки дека неговата новопечена сопруга Мадина Плијева е проститутка, а потоа следувале и фотографии од неа целосно гола, пишува британски „Сан“.
Среде прославата на венчавката, Сидаков ги истерал гостите од салата, а разголените фотографии и тврдењата дека Плијева е проститутка, која се гледала со богат оженет бизнисмен, започнале да им доаѓаат и на мобилните телефони на гостите на венчавката.
Медиумите објавија дека борачот танцувал традиционални танци во моментот кога почнале да пристигнуваат пораки, а невестата била во соседната соба. Сидаков ги видел пораките, збеснал и тргнал по невестата. Според изворите, тој ја повлекол за коса и ја избркал од салата каде се одвивала прославата.
Семејството ја однело во болница, а се тврди дека нејзиниот татко доживеал срцев удар поради настанот.
Нејзините пријатели тврдат дека Мадина е од богато семејство и дека не е проститутка, но дека е вистина дека пред неколку години била во врска со оженет маж кому му праќала слики. Младоженецот, наводно, ги добил сликите од сопругата на мажот чијашто Мадина била љубовница.