Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Програмер направи заштитна маска што зборува и се смее

Програмер од Калифорнија направил заштитна маска за лице што одговара на звукот на гласот на оној што ја носи.

Дизајнерот на видео игри и програмер Тајлер Глеил создаде нова намена на маската за лице за луѓето да бидат помалку фрустрирани обидувајќи се да комуницираат со покриени усти за време на пандемијата на COVID-19.

Глеил создаде платнена маска за лице со панел на LED светла на предната страна што се активираат со глас, кои се движат секогаш кога некое лице зборува и симулира отворање и затворање на устата.

Низата од 16 LED-светла може да се користи и за да се направи насмеана форма ако лицето што ги носи прави бучава со кликање со јазикот.

„Имав случајна идеја за маската“, рече Глеил во интервју за Би-Би-Си за проектот.

Глајел поминал околу еден месец експериментирајќи со различни начини да ја изгради LED маската пред да се реши на конечниот дизајн.

Направена е со употреба на Arduino Nano – ефтин микрокомпјутер сличен на Raspberry Pi – што ги контролира LED-светлата и системот за препознавање на гласот и се напојува со батерија од девет волти.

LED панелот се вклопува во преграда во маската и може лесно да се отстрани при перење, додека куќиштето на LED може периодично да се стерилизира со УВ зраци.

Системот може да биде изграден со основен список на компоненти што треба да бидат достапни во повеќето продавници за хардвер или електроника, вклучувајќи електрични жици, мал микрофон, конвертор и електрична лента. Глеил вели дека секој може да ја направи оваа маска , ако ги искомбинира лесно достапните компоненети.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: