Во Улцињ, Црна Гора, се отвора првата плажа за сите муслиманки кои носат хиџаб.
Оваа плажа ќе биде затворена, со околу 10-20 лежалки, а пристапот до сите останати ќе биде забранет.
Инаку, познато е дека во Улцињ муслиманите се мнозинство од населението. Според податоците од пописот од 2011 година, околу 73% од вкупното население се изјасниле како муслимани.
Инаку, хиџабот е традиционална исламска облека која ги покрива косата, вратот и рамената на жените додека лицето може да се открие. Кои жени ќе одлучат да носат хиџаб зависи од различни фактори: регионалните верувања, културните норми и законите на одредена земја.
На пример, во исламот, хиџабот е задолжителен за сите жени по пубертетот, додека многу жени го носат како израз на нивната вера.
Во некои муслимански заедници, носењето хиџаб е дел од културната традиција и општествените норми, додека во некои земји постојат закони кои бараат носење хиџаб во јавност.