Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Килијан Мбапе на тренингот на Франција се појави со маската која требаше да ја носи на продолжението на Европското првенство.

Сепак, тоа нема да биде случај.

Тој во четвртокот се појави на тренинг со маска во боите на француското знаме, но според член 42 од правилникот на УЕФА медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде една боја.

На натпреварот против Австрија, Мбапе го скрши носот во воздушен дуел со противнички играч и поради тоа мораше да ја напушти играта.

По натпреварот беше одлучено да не оди на операцијата што ја пролонгираше по ЕП.

Беше најавено дека најверојатно ќе го пропушти групното дерби со Холандија во петок, но со оглед на тоа што тренираше, постои шанса да биде на теренот.

Во меѓувреме, тој побара помош од фановите при изборот на маска што ќе ја носи на остатокот од натпреварувањето.

На крајот избра маска во боите на Франција, но според правилата не може да ја носи доколку не добие посебно ослободување, што тешко дека ќе се случи.

На почеток
error: