Вчера беше објавен трејлерот за телевизиската серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на лектирата од писателката Оливера Николова, објавена во 1963 година.
Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат од 4 мај, секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата zokipoki.mk и на официјалниот YouTube канал.
Главна улога во серијата „Зоки Поки“ ја игра Матеј Настевски, а останатите улоги ги толкуваат децата-актери Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки).
Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки, и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.