Медиасет.мк

#КИНО

ВИДЕО: Пуштен трејлерот за ТВ-серијата „Зоки Поки“

Вчера беше објавен трејлерот за телевизиската серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на лектирата од писателката Оливера Николова, објавена во 1963 година.

Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат од 4 мај, секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата zokipoki.mk  и на официјалниот YouTube канал.

Главна улога во серијата „Зоки Поки“ ја игра Матеј Настевски, а останатите улоги ги толкуваат децата-актери Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки, и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: