#ПАТУВАЊА

ВИДЕО: Рај на море за седум саати патување од Скопје

Објавено на

Во последно време често се говори дека Албанија е туристичка дестинација која на оние со плиток џеб добро ќе им дојде како замена за дестинаци од кои се откажуваат поради високите цени.

Саранда е град во истоимената покраина на југот од Албанија, има околу 50 000 жители, излегува на Јонското море и е главно албанско пристаниште.

Таа им е омилена на туристите.

Саранда, која е центар на најјужниот округ на Албанија, е просперитетен регион со различни атракции, рамнини и планини, реките и езерата, цитрус насади, маслинови градини и лозја, пасишта и шуми.

Ако сакате да се сместите во приватно сместување во Саранда, најдобро е да го побарате на лице место, бидејќи приватни апартмани тешко се наоѓаат на интернет. За 20 евра од ноќ може да најдете пристоен и уреден апартман поголем од 60 квадратни метри во кој може удобно да се сместат до шест лица.

Поради карантинот и затворените граници со другите држави, се повеќе Македонци се одлучуваат да летуваат во Саранда, која е на седум ипол саати од Скопје или на 500 километри.

Трендинг

Exit mobile version