#ФАЦИ

ВИДЕО: Раде Шербеџија чисти кромид, наздравува, пее – вака треба во карантин

Објавено на

Раде Шербеџија (74) се јави од својот дом во Риека, каде што тој и неговата Ленка се придржуваат кон сите мерки за изолација не затоа што имаат симптоми или се заразени, туку затоа што велат дека тоа е паметно. Тој објасни дека дури сега сфаќа оти неговите обожаватели воделе страници на „Фејсбук“ под неговото име, но дека сега решил да им се обрати лично и да снима песни и да раскажува приказни за да може на секого побргу да му помине времето.

„Воден од овие невозможни катастрофи што нè снајдоа сите заедно и нè затворија во нашите станови и куќи, чувствувам потреба да им се јавам директно на моите пријатели и гледачи, односно слушатели и првпат да покренам своја фејсбук-страница. Сакам да снимам некои песни и да раскажувам некои приказни за побргу да ни помине времето… Да се ​​дружиме и да ја чуваме уметноста во нас“.

Сестраниот уметник снимаше кадри во станот, чистеше лук, ги покажа врамените фотографии што ги чува во станот и за тоа време ја рецитира песната на Никица Петрак – „На розова хартија“.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version