Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Регистрирани над 10.500 молњи во Јонското Море и западна Грција Регистрирани 10.000 молњи во Јонското Море и западна Грција

Во текот на вчерашниот ден, до попладневните часови во северозападниот дел на Грција биле регистрирани 9.920 молњи од кои речиси 7.000 над Јонското море, според податоците на системот за следење и регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина.

Невремето „Талија“ што од вчера ја зафати Грција, резултираше со силни и обилни врнежи од дожд во Јонското море и во северниот дел на земјата. На снимките од најголемиот град на островот Крф, се гледа и како авионите слетуваат избегнувајќи го невремето што надоаѓа:

На островот за околу 90 минути наврнале 69 милиметри дожд.

Невремето предизвика и поплави во местото Велвентос, во близина на Козани, каде улиците беа целосно под вода.

Според метеоролозите, врнежи од дожд со ваков интензитет не се вообичаени за Грција во овој дел од годината.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: