Медиасет.мк

#КИНО

(ВИДЕО) Роберт Де Ниро во нова урнебесна комедија

Познатиот актер Роберт Де Ниро минатата година го видовме во многу успешните филмови „Џокер“ и „Ирецот“, додека во 2020. година тој ќе биде sвезда на две комедии. Едната од нив, наречена The Comeback Trail, ќе биде објавена на 13. ноември, а друштво ќе му прават уште двајца холивудски ветерани, Морган Фримен и Томи Ли Џонс.

The Comeback Trail е преработка на истоимениот филм од 1982 година. Тоа е приказна за двајца филмски продуценти кои и должат пари на мафијата. Доаѓаат до идеја да започнат да снимаат филм единствено со цел да се случи несреќа на сетот што ќе го убие главниот актер, што ќе им овозможи да земат пари за осигурување и да го отплатат долгот. Сепак, ќе биде многу потешко тоа да се спроведе отколку што очекуваа.
Оваа црна комедија беше во режија на Џорџ Гало, кој заедно со Џош Поснер го напиша и сценариото.

Во филмот The Comeback Trail, покрај горе споменатите актери, играат и Емил Хирш, Зак Бреф, Кејт Кацман и Еди Грифин.

Трендинг

На почеток
error: