Стоматолозите од Тетово кои танцуваат во ординациите станаа нов вирален хит на социјалните мрежи. Сите им се воодушевуваат на позитивниот дух, во ова време-невреме, кога секојдневно имаме рестрикции и нови стравови од коронавирусот.
Но, освен позитивната енергија, тие се сочуствуваат со нивните колеги кои се директно на удар од коронавирусот, танцувајќи во скафандери, односно, носејќи целосна заштитна опрема!
„Ова е нашиот психо-физички и енергетски „boost“ и начин да избегаме на момент од опремата која не дава да дишеме, а сега, за жал, е неделив дел од нашето секојдневие. Да избегаме на момент од константната загриженост за благосостојбата на сите наши пациенти, на нашиот тим и сите околу нас. Се бориме против сите негативности со позитивни мисли и став и се надеваме на што поскоро надминување на оваа кризна ситуација која апсолутно допре до здравствената, но и до секоја друга сфера на делување.“ – вели д-р Надица Несторовска Арсеновски, која е дел од ПЗУ д-р Ванчо.