#ФАЦИ
ВИДЕО: Сара Мејс твори од карантин преку Facebook challenge
Домашните музичари времето во карантин го искористија да бидат креативни, а една од нив е и Сара Мејс, која издаде нова песна.
Целосната песна се вика „Наше време“, а снимено е и карантин видео.
Песната тргна како музички мотив на харфа, која таа го објави на својот профил за време на изолација и предизвика еден од нејзините колеги музичари да отсвири бас линија врз нејзината тема. Музичарите продолжија да се предизвикуваат и до крај на денот тие стигнаа до дел од строфа која беше исто така објавена на Фејсбук.